Кои сме ние

Сито графика е основана во 1991 година, со постојано седиште во Скопје.

Повеќе од 20 години креираме печатени материјали за нашите клиенти, и како и секој однос кој има големо значење, така и ние започнавме од основната идеа да Ви помогнеме при остварување на вашата фантазија.

Со континуитетот во работата од самото основање, Ситографика се јавува како логистика во доменот на промотивните активности, рекламната дејност и презентацијата на фирмите, друштвата и секако и во активностите на голем дел од асоцијациите, спортските клубови и воопшто на македонското стопанство во општествено-економските дејности.

Секако,  постојаното подобрување нашата опрема со која располагаме, е со цел да овозможиме услуга која во секој момент ќе овозможи висок квалитет при создавањето на еден производ, а кој треба Вас или вашиот бренд да го претстави на најдобар начин.

Но ние сè уште работиме на истите вредности како и денот кога почнавме. Всушност, колку повеќе напредуваме, сфаќаме дека нивната важност е сè поголема. Квалитетот, довербата, сигурноста и услугата.

Ние знаеме дека секоја работа, ваша идеја е единствена и најважна за вас. Тоа е она што нас не одржува во живот и нè води на патот кон остварувањето на нашата цел, да ви помогнеме да ја остварите вашата фантазија.

За таа цел, постојано ги следиме напредокот на технологијата во доменот на печатењето на разнородни материјали и подлоги, развојот на боите и употребата на разновидни ткаенини, хартии и картони,транспарентни материјали.

Од вообичаените активности, или она што за нас претставува секојдневие, можеме да издвоиме печатење на маици ( T-shirts ) во полн колор на дигитален печатар, изготвување персонализирани ID Картици според Ваши барања и податоци, за фирми, организации, клубови, според потребите и со нумерација. Печатење на чаши за кафе/чај, изработката на визит карти, меморандуми, коверти и други придружни канцелариски артикли, сите оние промотивни материјали, пенкала, запалки, рекламни траки се производи кои ги изработуваме со големо искуство зад нас.

Во своето работење посебно може да се истакне и соработката со соседните земји, како Албанија, Србија, Косово, Грција, и особено Турција, каде што неколку години наназад Ситографика имаше заеднички настап со резидентна фирма при што оствари плодна активност.

Ситографика се јавува и како застапник на брендови од графичката дејност, како што се: Serikol, Fimor, Sol’s, Olfa, Graphtech и други. Ситографика реализира соработка со речиси сите маркетинг агенции во Републиката, а и непосредно со голем број фирми и асоцијации.

За одбележување е континуираната соработка, како знак на доверба и квалитет, која се реализира со : Промедика, Комерцијална банка АД Скопје, Мобилната телефонија ОНЕ, Факулет за земјоделие, наука и храна, Алкалоид, Synergy medical и други постојни коминтенти.

 

Ве очекуваме секој работен ден во нашите простории на ул.Јордан Мијалков, број 32 ( поранешна улица Железничка ), Скопје.

Изложете ги Вашите идеи и потреби, останатото препуштете го на  нас.

Со поздрав,

 

Небојша Јаковљевиќ

Сопственик
 
©2011 Сито Графика сите права задржани. Развиено од  4Ward.. Valid XHTML & CSS.