Швајцарската
компанија е водечки, светски производител на прецизни ткаенини (свила)
изработени од монофиламенти, наменети за сито печатење.
SEFAR како групација е основана во 1995година, но квалитетот на нивните производи
е резултат на напредокот и искуството кое го стекнуваат многу порано во
историјата. Распространети се во 25 земји во светот, односно на 5 континенти.
Во нашата програма, од овој производител, воведовме високо
квалитетни полиестерски и полиамидни свили за ситопечат како: графика, текстил,
индустриски печат, на амбалажи, керамика, стакло електроника и CD и DVD. Покрај
свилата, Sefar произведува и уреди за затегнување на ситото како и за мерење и
контрола на самите алати.