Доколку
сакате да печатење на керамика, синтетички ткаенини, алуминиум и други предмети
изработени од тврда површина, тогаш СУБЛИМАЦИЈАТА
е вистинското решение.
Процесот на
сублимација е едноставен. Техника на аплицирање слика на „коатирана“ керамика,
алуминиум или синтетички ткаенини која користи три состојки: боја за
сублимација, топлина и преса. Се издвојува од другите постапки според тоа што
бојата преминува од цврста во состојба на гас без да премине во течна состојба.
Претставува еден од неколку методи преку кои може да
печатите и да изберете широк опсег на бои. Може да одберете меѓу најразлични
комбинации на бои за печатење на тврди површини. Погодна е за промотивни
материјали за мали, средни и големи тиражи, се одликува со брзина на
производство и едноставност во постапките.