Ласерско гравирање

Ласерското гравирање е процес во кој не се користат бои ниту пак се користат алатки за вдлабнување на површината што се гравира. Медот кој опфаќа три елементи: ласер, контролор и површина за гравирање. Почетоците на гравирањето претставуваат „горење“ на слика врз површина која е изработена од дрво, а денес наоѓа широка примена во изработка на дизајнирани материјали. Погодна е и за пренесување на посакуваниот дизајн врз метал, стакло, пластика и нерѓосувачки челик.

Се работи за процес кој е без директен контакт, потполно чист, со висока безбедност и врвен квалитет. Бојата на гравирањето зависи од површината која е подложна на овој процес и зависно од тоа има можност за гравирање во златна, црна или мат боја. Поради фактот дека ласерот нема директен контакт со површината, гравирањето на нерамни површини и притоа задржување на квалитетот на дизајнот не претставува потешкотија.

 
СИМБОЛ  
©2011 Сито Графика сите права задржани. Развиено од  4Ward.. Valid XHTML & CSS.