Француската компанија Fimor е основана во 1974, а моментално
е со главно седиште во Ле Манс, Франција. Покрај ова, има поголеми центри во САД и во Кина.
Нивната работа е сертифицирана со ISO 9001 и ISO 14001, а поседуваат и
сертификати од ROHS и
REACH, што
укажува на високиот квалитет на материјали што ги произведуваат.
Специјализирани во производството на гумени и пластични
материјали, и како резултат на нивната работа, тие се светски лидери во оваа
област со тоа што 90% од нивните прозиводи се извезуваат во 80 земји во светот.
Во соработка со оваа компанија, во нашата програма внесовме производи со
висок квалитет, може да најдете висококвалитетни ракел гуми за сито печат,
алуминиумски држачи за машински и рачен печат и машини за острење на ракелот.