Тампон печат

Техника која има широка примена во печатењето на предмети кои секојдневно ги користиме. Запалки со логоа, пенкала, па дури и мобилни телефони со лого се печатени со помош на овој метод.

Претставува процес на индиректно гравирање за печатење на скоро секоја форма на материјали. Се користат посебни печатарски форми („клише“) и перничиња кои индиректно ја пренесуваат бојата од „клишето“ на предметите.

Печатењето е независно од формата на предметите, може да се печати на конкавна, конвексна, заоблена површина итн., погодна е дури и за нерамни и површини кои имаат одредена структура (шара). Како најголема предност е механичкото печатење врз чувствителни предмети. Со соодветен избор на бои нуди можност за печатење со подобра резолуција и зголемена издржливост на боите.
 
  
 
СИМБОЛ  
©2011 Сито Графика сите права задржани. Развиено од  4Ward.. Valid XHTML & CSS.