Sericol

Фирмата Серикол е настаната уште пред 53 години и почнала со производство на боја на база на растворувачи за сито-печат на хартија. Од тоа време палетата на производи се зголемила значително со цел да ги задоволи побарувањата на графичкиот и сито печатот како и печарењето на текстил. Во текот на нејзиниот развој Серикол стана глобален лидер во производството на боја, хемикалии и фотоемулзија за ситопечат. Во последните неколку години Серикол многу успешно се проби на пазарот за "Narrow Web" и дигиталниот печат. Зазема ред во групата на најголеми снабдувачи со боја на четири континенти и мрежа на дистрибутери во преку 80 земји во светот. Благодарение на тоа бројот луѓе кои ги вработува оваа компанија изнесува над 1200 ширум светот.



Компанијата Серикол

Главното седиште на Серикол се наоѓа во Броудстејрс, Англија, а има претставништва кои се наоѓаат во: Австралија, Аустрија, Чешка, Франција, Германија, Хонг Конг, Шпанија, Полска, Швајцарија, САД овозможувајќи достапност до нејзината палета со производи насекаде ширум светот.

 
 

            ● Серикол

                 ● Ексклузивни дистрибутери

Глобална присутност и локални сервиси

Главен дистрибутер на Серикол кај нас во Македонија е фирмата Сито Графика која што нуди брза и квалитетна услуга, испорака на роба, залихи на локално ниво и техничка подршка. Техничниот тим на Сито Графика е обучен во сите погледи во согласност со стандардите на Серикол, а исто така и во овозможувањето на техничка поддршка за користење на нејзините производи.


 

 

©2011 Сито Графика сите права задржани. Развиено од  4Ward.. Valid XHTML & CSS.